СДСМ: Понудата на Мицкоски е обнова на грабежот, обнова на осиромашувањето на граѓаните

0
86

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат никаков кредибилитет да зборуваат за економија затоа што токму тие преку неодговорните политики го удвоија јавниот долг, економијата ја доведоа до колапс а граѓаните ги осиромашија додека се богатеше фамилијата.

Понудата на Мицкоски е обнова на грабежот, обнова на криминалот, на расипништвото и неконтролираното задолжување на грбот на граѓаните.

Мицкоски сака да ја врати економијата на -1,8 отсто колку што изнесуваше во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сака да го обнови расипничкото трошење на буџетски пари за барок, споменици и палми.

И ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да понудат ништо што е добро за економијата и државата.

Напротив, тие се против секоја мерка што обезбедува повеќе пари за граѓаните, тие се против раст на минималната плата, против раст на платата во приватниот сектор, против поврат на ДДВ, против отворање на нови работни места.

Наместо празни флоскули и здодевни прес конференции, Мицкоски да учи економија, бидејќи единствениот допир со економијата му е профитот од бизнисите со хидроцентрали што ги доби од својот ментор Груевски.

Денес, економските политики на СДСМ се на прав пат. Економијата расте, минималната плата расте на 14.500 денари, а просечната е во постојан пораст.

Јавниот долг е стабилизиран.

Стапката на невработеност е на историски најниски 17,5 отсто, а за само две години отворени се над 54.000 работни места, главно во приватниот сектор.

За разлика од деструктивното и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин.