Ципрас : Во еден момент Заев и јас ги фрливме пенкалата и рековме „нема шанси да постигнеме договор“

0
154
Поранешниот грчки премиер синоќа разговараше со македонскиот премиер Зоран Заев, а денеска ќе имаат заеднички настап посветен на Преспанскиот договор организиран од „Економист“

Преспанскиот договор ја смени реалноста меѓу двете земји, заклучиле македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот поранешен грчки колега Алексис Ципрас. Лидерот на сега опозициската Сириза во Скопје ќе учествува на дебата посветена на придобивките од Преспанскиот договор организирана од магазинот „Економист“. Додека траеше средбата на Заев и Ципрас во владината зграда, неколку стотици луѓе протестираа во Скопје против промената на името на годишнината од одржувањето на референдумот.

Во интервју за емисијата „360 степени“, Ципрас го оцени како „злосторство“ она што се правело во односите меѓу двете земји во изминатите 25 години.

„Ние сме две соседни земји, немаме што да делиме, би било злосторство ако ни се дадеше можност пред 25 години и јас заедно со Зоран наместо да го решиме проблемот,таа можноста да ја фрлевме во ѓубре. Би било злосторство затоа што ќе ја потоневме С. Македонија во нестабилност, ќе се случуваа нестабилни ситуации во целиот регион“, рече Ципрас.

Во разговорот, Ципрас признава дека имало моменти кога и тој и Заев биле на работ да се откажат од Договорот.

„Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г-динот Коѕијас и г-дин Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик. Но, надвладеа логиката“, рече Ципрас во разговорот.

На втори април годинава, Ципрас стана првиот грчки премиер во историјата на државата кој ја посетил соседната земја.

Извор Дојче Веле