Второосомничената во случајот „Рекет“ Катица Јанева која утринава била примена на Клиниката „Жан Митрев“ е задржана на Клиниката.
Таа имала висок крвен притисок и болка во градите.
„Таа е задржана на Клиниката поради сомнение дека е во прединфарктна состојба“, рече Фрчкоска.
Адвокатката не сакаше да го коментира обвинението. Во однос на наводите дека била понудена спогодба, Фрчкоска кажа дека формално немаат доставено предлог за спогодба, а изнесувањето на вакви информации ги сметаат за начин „да се ослабнат позициите на Јанева во постапките пред судовите и во јавноста“.