За девет месеци 2 421 казна за непрописно паркирање во Тетово

0
88

Само во текот на вчерашниот ден поради паркирање на несоодветни места казни биле издадени за 23 возачи.

– Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуирани активности за поголем ред со паркирањето во Тетово. Повторно апелираме до возчите да не ги паркираат возилата непрописно, особено не на пешачки премини, во зеленило, во зони на крстосници, на тротоари или во таканаречни двојни редови. Ова, посебно се однесува на погрешно паркирање во близина на училишни и други јавни објекти, а поради секојдневно присутна зголемена фреквенција, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.