Акција за 100.000 нови садници по пожарите во битолско

0
148

Денеска од Ротино започна акцијата „Да засадиме иднина“ во која ќе се засадат околу 30 хектари површина околу Битола со 100.000 садници. Целта е да се вратат белите дробови на Битола, а токму овој предел на неколку пати беше зафатен од големи пожари. Почетокот на акцијата заради неповолни временски услови беше одложен, но со последните дождови се створија услови за засадувањето да биде што поуспешно.

-Ќе засадуваме садници во наредните денови, имаме голема поддршка од компании, претпријатија, но и доста индивидуалци, пријавени се преку 1000 лица кои ќе помагаат, за сите е обезбеден превоз. Предвидени се 30 хектари од Ротинска петља до Битола, да се засадуваат во првата фаза, во зависност од активностите на сите кои ќе засадуваат, не значи дека ќе трае 15 дена, кога ќе завршиме со 30 хектари, ќе завршиме со оваа прва акција, изјави Миле Спировски, претседател на Ротари клуб Широк Сокак Битола.