Антикорупциска бара одговорност од вицепремиерот Анѓушев

Антикорупциската комисија утврди судир на интереси во случајот со  укинување на царините за „акумулаторите“, бидејќи вицепремиерот Кочо Анѓушев присуствувал на седницата на владата на која била донесена ваквата одлука. Анѓушев имал приватен интерес.  Антикорупциската го повика премиерот Зоран Заев, да побара одговорност од Анѓушев.