Владата го стокми буџетот, ќе потроши 3,9 за да собере 3,6 милијарди евра

0
92

Реален буџет наменет за инвестирање во човечкиот капитал, а не за купување гласачи пред избори. Вака власта денеска го најави Предлог Буџетот за 2020 година. Владата планира да потроши 3,9 милијарди евра, а од граѓаните да собере 3,6 милијарди евра. Растот на економијата за следната година е предвиден на 3,8 отсто, а дефицитот е планиран на 2,3 отсто и ќе се финансира со задолжување во земјава и странство.

„Еден реален Буџет, Буџет кој што ги лоцира проблемите и ги алоцира парите назад на граѓаните, онаму каде што ќе дадат најдолем ефект и најдобри резултати. Буџетот за 2020 во рамки на фиксалните политики го насочивме кон луѓето и кон подобрување на условите во кои што луѓето ќе можат да исполнат повеќе од својот потенцијал“, рече министерката Ангеловска.

Според иститутот за економски истажувања Фајненс тинк, добро е да се вложува во човечки капитал, но растот на плтите мора да биде паралелно со растот на продуктивноста

„Оној дел на платите кој значи раст во секторите на образование и здравсто е коректно и сметам дека тие сектори треба да станат приоритетно, како движечка сила на економскиот раст. Меѓутоа, општиот пораст на платите паралелно придружен со недоволна зголемена продуктивност на кадрите во јавната администрација и во иднина мора да се посвети внимание на линераниот раст на платите“, рече Благица Петрески- Фајненс тинк.

Со буџетот за 2020 како што претходно дозна Алсат е предвидено и зголемување на пензиите од 700 до 900 денари. Од Буџетот за Пензискиот фонд следната година ќе бидат издвоени рекордни половина милијарда евра, иако од Владата убедуваа дека ПИОМ е стабилен и овој дефицит се намалува. Сепак, бројките покажуваат дека потребните пари се зголемени за над 40 милиони евра, токму онолку колку што се потребни да се исплатат нешто над 700 денари на 324 илјади пензионери.

„Ова е серозен успех покачуваме пензии до 900 денари по пензионер од кој што 730 се линеарно покачување и апсолутно имаме сериозен успех и перфоманс. Еве го завршна сметка, приходи од централнот буџет во фондот за пензиско е 29 милијарди 398 милиони 2018 година, за 2020, 30 милијарди 498 милиони денари“, рече премиерот Заев.