Заев во Нови Сад ќе учествува на Четвриот регионален форум за млади лидери

0
92

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на последната сесија на Четвртиот регионален форум за млади лидери, на сесијата насловена „Западен Балкан во 2030 година – визии, желби, реалности“, што се одржува во Нови Сад. На сесијата ќе говори и српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА.

За време на посетата на Нови Сад, Заев ќе оствари и билатерална средба со Брнабиќ.

Освен Заев и Брнабиќ, како што јави дописникот на МИА, на Форумот ќе говорат и заменик генералниот секретар на Советот за регионална соработка Тања Мишчевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка Ѓуро Блануша и професорот за меѓународни односи на Факултет за политички науки во Загреб д-р Дејан Јовиќ.

Обраќање на форумот вчера имаше и претседателот Стево Пендаровски на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“.