Застаре предметот на Бучковски „Тенковски делови“

На поранешниот премиер и поранешен министер за одбрана Владо Бучковски му застарува делото во предметот „Тенковски делови“.

„На денешното рочиште по предметот “Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење“, објави Коалицијата сите за правично судење која ги мониторите судските процеси. Од таму наведуваат дека одбраната сепак побарала да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година.