За само 2.5 години,од општина со долг од 18 милиони евра, Карпош сега е урбана и зелена општина

Две години Карпош пулсира во духот на урбаното, зеленото и домаќинското работење. Секојдневно работиме на надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина.

Затоа, изминатиов период засадивме повеќе од 300 висококвалитетни дрвја, рамномерно по сите урбани заедници. Започнавме со чистење на децениските депонии и веќе ги затворивме критичните точки кај мостот „Газела”, во близина на С.Ц. „Борис Трајковски”, во Злокуќани, кај фудбалското игралиште, како и депонијата во Бардовци, покрај течението на реката Лепенец.