Иранската револуционерна гарда им се закани на САД и сојузниците

0
102

Командантот на иранската револуционерна гарда Хосеин Салами им се закани на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во обраќањето на големиот провладин собир кој се одржа денеска, една недела по протестот против зголемувањето на цените на горивата.

На собирот во Техеран Салами ги обвини САД, Британија, Израел и Саудиска Арабија за поддршка на немирите во нивната земја, наведувајќи дека ако ја поминеле црвената линија Иран ќе ги уништел.

Насобраните вееја знамиња и постери со портретот на иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи. Насобраните десетици илјади луѓе ги осудија демонстрантите кои минатата недела изразија револт од зголемените цени.