Лозарите за предадено грозје во „Повардарие” и „Стефани” ќе добијат пари по Нова година

0
75

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска при посетата на Карбинци изјави дека пред два дена пратениците ги изгласале измените, по што сега се чека одлуката да се објави во Службен весник. Станува збор за исплата на околу 250.000 евра до лозарите во Тиквешкиот регион.

– Врз основа на измената ние треба да изготвиме програма, потоа и да се изготви уредбата врз основа на која ќе може да се почне со исплатата на овие 600 земјоделски семејства, односно лозари, вели Димковски.

Тој смета дека исплатата на овие средства ќе се случи по Нова година. Министерот Димковски денеска во Kарбинци се сретна и со земјоделците од Таринци, кои неколку пати протестираа и бараат огласот за давање под закуп на 48 хектари да не се додели само на едно лице. Туку ова земјиште да биде поделено по три хектари, со цел и тие како индивидуални земјоделци  да конкурираат.