МАКРОН ЗА „ЕКОНОМИСТ“: НАТО Е НА СМРТНА ПОСТЕЛА, А ЕВРОПА НА РАБОТ НА АМБИС

0

Во моментите кога Западен Балкан се остава сам на себе, мал шенген се враќа на голема врата во Охрид. Од Владата брифираат дека овој викенд на иста маса со Заев ќе седнат – албанскиот премиер Рама, српскиот претседател Вучиќ, претседавачот со Советот на министри во Босна и Херцеговина Ѕвиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Секулиќ. Иако поканети – Косово ќе нема претставник. Образложението е дека косовскиот претседател имал однапред закажани обврски, а премиерското столче се уште е празно.

Присуттни ќе бидат претставници од ЕУ, од Светска банка и од Европска инвестициона банка. Состанокот во Охрид ќе биде продолжение на средбата во Нови Сад и се очекува од потпишана Декларација да се премине на практични иницијативи. Со оваа средба земјите на Западен Балкан ќе испратат директна порака до ЕУ дека регионот е подговтен интеграција

„Очекувам уште еден чекор кон унапредување на мултилатералната соработка помеѓу сите 6 земји во Западен Балкан. Еден чекор повеќе- повеќе земји да патуваат со лични карти, да го олесниме транспортот на камионите и патниците на нашите гранични премини, да ги препознаеме меѓусебно документите и да ги признаеме една на друга – да им го олесниме животот на граѓаните тука на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес и она што претставува Европска Економска агенда.“ – Зоран Заев премиер на РСМ.

По Охрид следува Солун. Следната недела ќе се оддржи Тесалоники Самит 2019, а присутни ќе бидат, Борисов, Рама и Заев . На маргините на Самитот ќе има средба Мицотакис – Заев .Ова ќе биде втора билатерлка, по онаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, но и втора можност за топење на ледот меѓу двете влади.

Во меѓувреме владата засилено лобира за отворање на европската врата, сепак клучот е во официјален Париз. По долго чекање во француското фоаје – во вторник претседателот Пендаровски лично ќе слушне што сака шефот на фрацуската држава од проширувањето.

„Франција е голем пријател на Република Северна Македонија. Верувам дека е вредно да се размисли. Уште еднаш напоменувам дека бараме да ја држат нашата мотивација кон европскиот пат, не бараме веднаш членство, сакаме да продолжиме по вистинскиот пат, по патот на реформите, на трансформацијата на нашето општество. Новата методологија би била фер шанса за нас, ако не бива успеваме во тој процес и тоа е одржливо, одиме напред. Ако не не бива, на пример ако нарушиме состојба во медиумите, се враќаме назад. Тоа е вистински начин за трансформација на земјите-кандидати.“ – Зоран Заев премиер на РСМ.

Само неколку денови од Парискиот мировен форум, а оптимизмот повторно се става под знак прашалник. Макрон денеска во интервју за Економист изјави дека НАТО е на смртна постела, а Европа на работ на амбис. Тој ги предупреди земјите членки дека не можат да се потпрат на САД и го искритикува Трамп. Сепак остави зрак на надеж, велејки дека, ако се решат процедурите за реформирање на ЕУ, ќе биде подготвен за преиспитување на својата одлука и ќе попушти за преговори со двете земји.