Малолетници нападнале дете и се обиделе да извршат ОБЉУБА врз него

0
93

Вчера 49-годишна Скопјанка пријавила случај за обид за обљуба врз нејзиниот син, кој се случил пред еден месец, информираат од МВР.

„На 29.11.2019 49-годишна жена од Скопје пријави дека на 30.10.2019 околу 19:00 часот двајца малолетници физички нападнале и се обиделе да извршат обљуба врз нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.