Министерот за животна средина побегна од прашањата за загадувањето

0
79

Правдајќи се дека нема време пред настанот да започне, Нуредини само накусо рече дека се подготвувале повеќе стратегии. Од се уште нејасни причини, и на поставените прашања и на официјалното обраќање на настанот – говореше стриктно на англиски јазик.

„Подготвуваме долгорочна стратегија и фокусот е на гасификацијата, тоа е нешто на кое долгорочно ќе работиме. За краткорочните стратегии, мора да преземеме се што е во наша надлежност да спречиме она што директно влијае на аерозагадувањето, како што се пожарите, подобрување на инспекциите, ќе контролираме се подобро, ќе ги надгледуваме фабриките со А и Б интегрираните дозволи“, вели Нуредини.

Нуредини не ги удостои новинарите со конкретни одговори ниту за време на настанот кога агендата предвиде прашања од присутните. Министерот не знаеше да каже колку казни досега иречиле инспекторите за несовесните загадувачи. Рече дека ќе ги чека извештаите од инспекторатите.

„Побаравме извештаи од сите инспекторати и ќе имаме транспарентен извештај кој што ќе биде објавен за сите и на сите ќе кажеме колку казни биле издадени  и дали работата си ја извршиле инспекторите“, рече Нуредини.