Министерството за правда очекува истрага за бонусите во СЈО

Професионална и стручна истрага за бонусите во СЈО, очекува Министерството за правда. Рената Дескоска од Обвинителството за организиран криминал сака да види како сите додатоци на плата се исплаќаат во државава. Дали се почитуваат критериумите за степен на ризик и доверливост? За разлика од Дескоска, пратеникот Антонијо Милошски кој е осомничен во случајот „Моќник“, истрага што ја отвори згаснатото СЈО, со нови математички проценки.

Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500 € за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000 € мора да ја врати во буџетот…“

Претходо обвинителката Фатиме Фетаи му возврати на Милошоски да подготви одбрана за во суд, бидејќи случајот „Моќник“ е пред обвинение. Обвинителите на СЈО зеле бонуси меѓу 86.000 и 107.000 евра, од најмногу Катица Јанева – 157.000 евра. Скандал за високи бонуси имаше и со претходниот состав на Државната изборна комисија. Сите, освен еден од нив, си поднесоа оставки, а дел од нив и ги вратија парите.