Министерство: Големото загадување во Тетово е поради реконструкција на улица

0
89

Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево соопшти дека причина за големото загадување во Тетово е реконструкција на улица.

-Последните денови, мерната станица во Тетово, со локација во дворот на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, покажува дека концентрацијата на ПМ 10 честичките е над дозволените граници.
Министерството за животна средина и просторно планирање побара од Државниот инспекторат за животна средина да излезе на терен и да ги провери можните извори на загадување. После направениот увид се утврди дека на Бул. Видое Смилевски Бато, во близина на самата локација на мерната станица се врши реконструкција на самата улица, при што е утврдено дека се генерира значителна количина на прашина. Контактирани се службите на ЈП „Македонија пат“ и се задолжија редовно да се прска со вода додека трае реконструкцијата на патот, со што количината на генерираната прашина ќе се намали на дозволените граници, тврдат од Министерството.