Судење за „27 април“, обвинет за насилство му се извинуваше на Заев

0
88

Зоран Заев во улога на оштетен денеска се појави во суд и се соочи со обвинетиот за грубо насилство на 27 – ми Април пред две години Илија Петрушевски. Петрушевски му се извини на премиерот. Му рече дека бил изманипулиран таа вечер и дека само бил присутен во Собранието но не учествувал во насилството. Петрушевски е вработен во затворот Идризово и ова не му е прв пат да се судри со законот. Претходно осуден е за нанесување тешка телесна повреда при семејна кавга.

Зоран Заев, премиер

„Очекувам само правичен систем кој што ќе се води, санкцијата да ја испрати пораката да не се повтори делото, ниту пак да мотивира било кој од граѓаните да направат такво дело, во тоа што се случи во делот на насилството на 27 – ми Април“

Љупчо Веселиновски, адвокат на Илија Петрушевски

„Извинувањето значи, фактот дека мојот клиент бил заведен од одредени структури во тоа време и навистина се појавил во Собранието, меѓутоа извинувањето е зошто присуствувал или со учествувал во една таква ситуација која нити ја замислил ниту можел да ја замисли“