НА СРЕДИНАТА НА ДЕКЕМВРИ: Од скенирањето фискални, ќе ќарат тие што скенирале

До средината на декември според најавите на министерката Ангеловска треба да легне сумата за првиот квартал од кога почна мерката „МојДДВ“ во чии рамки ќе почне и наградна игра.

Ако сте редовен скенирач на фискални тогаш може да очекувате и парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии а фондот за истата е половина милион евра .

Имено, 150 илјади граѓани се активни скенирачи на фискални сметки и помагаат во борба против сивата економија.