ОН: Најмалку 254 загинати во антивладините протести во Ирак

Најмалку 254 лица загинале, а илјадници демонстранти се повредени во текот на антивладините протести во Ирак, што почнаа на 1 октомври, покажуваат податоците на мисијата на Обединетите нациии во оваа држава.

Во извештајот на ОН, под назив „Ирачки протести од 25 октомври до 4 ноември” се наведува дека во вториот бран протести, што почнаа во Багдад, како и во централните и јужните делови на земјата, животот го загубиле најмалку 97 демонстранти, но и дека илјадници други се повредени, пренесе агенцијата Анадолија

Вториот бран протести почна на 25 октомври , а од ОН наведуваат дека во тој период е забележен значителен број прекршувања на човековите права во текот на интервенциите на протестите.