Пленковиќ: За Западен Балкан ништо не е поважно од европската перспектива

0
193

За земјите од Западен Балкан ништо не е политички и економски поважно отколку јасна европска перспектива заснована на заслуги, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на крајот од конгресот на ЕПП во Загреб.

Нашите соседи во Југоисточна Европа се еден од приоритетите на хрватското претседателство, кој започнува на 1 јануари, а самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 и 7 мај ќе биде клучен, рече хрватскиот премиер. Пленковиќ уште еднаш изрази жалење затоа што Албанија и Република Македонија не добија зелено светло за отворање преговори. Тој додаде дека Европа денес поминува низ досега невидена трансформација, која бара заеднички одговор, затоа што „се менува нашето глобално значење и позиција“. Тој ги наведе мигрантските притисоци, негативните демографски трендови, климатските промени, растечкиот популизам и Брегзит.