Повредено младо момче пронајдено во тоалет на црква во Бутел

Во текот на вчерашниот ден младо момче е пронајдено со повреди во еден од тоалетите во црква во Бутел.

„Вчера во 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во еден од тоалетите во црквата „Св.Јован Крстител“ во населба Бутел бил пронајден И. Д.(22) со повреди.

И.Д е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“ велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.