Починало бебе сместено во прифатниот центар за бегалци и мигранти на островот Лезбос

Од невладината организација „Лекари без граници“ на нивниот официјален „Твитер“ профил доцна синоќа објавија дека пред неколку дена, деветмесечно бебе починало од дехидрација во прифатниот центар за бегалци и мигранти Мориа на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

Лекари без граници, за смртта добиле потврда од локалната болница од островот, а потврда денес има и од Центарот за прием и идентификација во Мориа за грчката новинска агенција АНА-МПА.