Лудило во Хонгконг, полицаец погоден со стрела!

0
163

Полицаец во Хонгконг денеска е погоден со стрела во моментите кога полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои го окупираа универзитетскиот кампус.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи, како и на Фејсбук профилот на полицијата, се гледа дека стрелата го погодила полицаецот во потколеното, по што тој бил итно пренесен во болница.