Почна откупот на тутунот – реколтата одлична и се очекува повисока просечна цена

0
73

Започна откупот на тутунот за реколтата 2018/2019. Лани имаше произведено околу 25 милиони килограми, а годиинава се очекувало 6% повеќе.

Поради одличната реколта очекувањата се дека и просечната цена по килограм ќе биде повисока од лани, кога таа изнесуваше 217 денари. Првите тутунари кои го предадоа тутунот задоволни од проценката.

„Оваа реколта е подобра годинава и подобра класа добивме, засега ни е донесен само еден дел од тутунот. Убаво поминавме сега добив прва и втора“,истакна Трајче Ристески, производител на тутун.

„Два тона тутун имам сега помина моментално прва и втора, за разлика од лани е каде каде подобра“, додаде Ристе Младеноски, производител на тутун.