Секторот правосудство да се пополни со професионалци за кои ќе нема сомнеж

0
82

Од гледна точка на Европската комисија, нема сомнеж за европските перспективи на Западен Балкан. Регионот е и ќе остане приоритет и сето тоа почива на вистински, одржливи резултати особено во сферата на владеењето на правото. ЕК е цврсто уверена дека и Албанија и Северна Македонија остварија доволен напредок што го оправдува отворањето на преговорите за членство, меѓутоа постои значителен делокруг во кој би можело да се подобри владеењето на правото во сите земји на Западниот Балкан, истакна еврокомесарката за правда Вера Јоурова на прес-конференцијата по првиот ден на Министерскиот форум за правда и за внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан.