Силен земјотрес во земјава, епицентарот во Драч

Во 3.55 часот во северозападниот дел од земјава беше почувствуван силен земјотрес, кој траеше речиси 30 секунди. Според првичните неофицијални информации земјотресот со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер е со епицентар во градот Драч во Албанија, а поместувањето на почвата е на длабочина од 10 километри.