СИЦИЛИЈАНСКИ ГРАД НУДИ КУЌИ БЕСПЛАТНИ

0
177

Сицилијанскиот град Камарата нуди напуштени куќи бесплатно за да се спасат од депопулацијата. Градоначалникот на Камарата, Винченцо Џамброне ги помина последните три години обидувајќи се да ги убеди сопствениците кои одамна ги напуштија своите домови, да ги изнајмуваат бесплатно на новодојденците, пренесува СиЕнЕн

Постојат неколку услови за тоа како да се дојде до „бесплатна“ куќа. Купувачите мора да се посветат на реновирање на објектот во рок од три години. Исто така, кога ќе ја добијат куќата, ќе платат депозит од 5.000 евра, што градот ќе им го врати кога ќе завршат со реновирање.

Младите парови со деца ќе имаат предност, додека паровите кои избираат да живеат во Камарата и имаат бебе, ќе добијат и бонус од 1.000 евра. Новите сопственици можат да ги претворат повеќекатните згради во приватен дом, куќи за гости, хотел, продавници или дури и во ресторан.

Камарата се наоѓа на околу 60 километри југоисточно од Палермо, на надморска височина од околу 1.000 метри, а овој дел од југоисточна Сицилија е познат по напуштените места и бавно темпо на живот.

Градот е основан од византиските Грци, од чиј јазик потекнува и името на градот, што значи „соба со сводови