Сопственикот на Дурмо турс пуштен да се брани од слобода

0
69

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, на судскиот процес за тешката сообраќајка со еден од неговите автобуси во која животот го загубија 16 луѓе ќе се брани од слобода. Тој е пуштен од притвор откако Апелација го прифатила неговото барање да се укине мерката и ја прифатила понудената гаранција чиј износ нефоцијално е околу два милион евра.

Професорот Јосиф Ќосев, кој е и сведок во постапката, преку експеримент потврди дека се манипулирало со реалната брзина во автобусот. Апаратот кој ја лажирал брзината, наместо 99 километри на час, покажал дека автобусот возел со брзина од 85. Тој се сомнева дека и на други возила се покажува помала брзина од реалната.

„Од она што го добив како такографи, може да се дадат индиции барем за едниот автобус, со сигурност, бидејќи исто така имаше точки во коишто се влијаело, беше прикачена жица кој е другиот заклучок освен дека таму имало некакво влијание врз возилата“, рече Јосиф Ќосев, Универзитетски професор.