СОСЕМА РАЗЛИЧЕН ПРИСТАП: Како Обама, а како Трамп ѝ се обрати на јавноста по смртта на баран терорист

Популарниот американски водител Џими Кимел, во негов препознатлив стил, ги спореди говорите на поранешниот претседател Барак Обама и сегашниот лидер на САД Доналд Трамп од моментите кога беше убиен Осама бин Ладен, односно лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Кимел посочи дека Обама зборувал „само“ девет и пол минути, додека Трамп за овој настан одвоил 48 минути, а во видео-компилацијата тој директно ги спореди двата говори на лидерите, кои се со очигледно различен стил.

Додека Обама со мирен и сериозен тон ја информира јавноста за убиството на Бин Ладен, дава конкретни информации, користи формален говор и сериозно ја опишува акцијата на американските сили, стил на Трамп е видно различен.