Фетаи: Надоместоците се законски, недостасува само уште Европол да ги истражува

Платите ни беа 300 евра повисоки од останатите обвинители а надоместотците  слични на други специјални обвинители од регионот или пак како патните трошоци на некои пратeници.

Обвинителката Фатиме Фетаи прва јавно проговори по бурните рeкции во јавноста за високите бонуси.

Интересно е со која брзина, со светлосна брзина сите институции се јавија и изразија спремност да го истражат овој спорен момент, небаре се работи за криминал на деценијата. Камо среќа на тој начин и со таква брзина да постапуваа сите овие институции во изминатиов период, така што воопшто нема да имаше  потреба од формирање Специјално обвинителство“, рече Фетаи.