ФРАНЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

0
137

Франција и даде зелено светло на Македонија за влез во НАТО – останува уште Шпанија. Откако Францускиот сенат на 17 октомври го усвои законот за ратификација на Протоколот за членството, денеска официјален Париз го заврши и вториот дел од обврските.

Националното француско Собрание на пленарна седница, како прва почка на дневен ред го стави и изгласа законот за ратификација – со тоа ја крена рампата на Македонија за влез во воената алијанса.

„Очекуваме истата порака да се испрати и на Самитот во Лондон и очекуваме и третманот на нашата држава на Самитот да биде, како де факто – членка на Алијансата. Убавите вести од Париз покажаа дека навистина како држава си ги реализираме своите стратешки цели и убедена сум декла овој стратешки успех ќе ни даде сила да ги завршиме и другите работи. Кога имате ситуација од 29 земји членки – 28 да ратификуваат практично за 9 месеци, тоа ви е силна политичка порака. И таа политичка порака ќе продолжиме да ја испраќаме и во Мадрид.“ – изјави Радмила Шеќеринска министерка за одбрана.