Холандија го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

0
101

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Откако 26 земји-членки го ратификуваа протоколот, се очекува уште Франција, Шпанија и Исланд да го направат тоа. Официјалното членство на Македонија во НАТО се очекува да биде во февруари 2020 година.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави оти се очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, по што останува само ратификацијата во Шпанија, за што поточни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.