Хорор во Италија: Македонец со шипка му ја скршил ногата на малолетниот син-епилептичар

0
145

Македонски државјанин на возраст од 31 година и неговата сестра (27) се под истрага за малтретирање на малолетниот син на нашинецот, кој трпел физичко и психичко насилство во домот, информираат италијанските медиуми.

Поради заштита на детето, од полицијата не даваат повеќе податоци за осомничените, освен дека 13 годишникот живеел со својот татко и тетка си во стан во Фоџа. Додека трае истрагата судот на насилниците им одредил забрана за пристап до детето.