Вучиќ прозборува бугарски

0
121

Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обрати на присутните граѓани на бугарски јазик на церемонијата по повод отворањето на последниот дел од Коридорот 10, со кој се заврши изградбата на источниот крак на Коридорот од Димитровград до Ниш.

Коридорот 10 ја заокружи изградбата на главниот автопат од Димитровград до Ниш и Претседателот им се обрати на присутните политичари и посетителите на бугарски јазик.

„Добар ден и добредојде, премиере Борисов и останати бугарски пријатели. Јас сум многу среќен што Србија изгради модерен автопат меѓу нашите две пријателски нации“, рече Вучиќ на бугарски јазик, додавајќи со смеа дека треба да биде поддржан затоа што се потрудил.