Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

0
77

ЈСП – Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ велат дека се вршат последните подготовки и тестирања за отпочнување со работа на новите поволности што ќе им се пружат на корисниците на јавниот превоз.

– Сметаме дека неблагодарно е да „лицитираме“ со временскиот период на воведување на новите услуги, односно поволности – потенцираат од ЈСП.