Бегалскиот и мигранстскиот проблем за Грција е прашање од национално значење

0
165

Бегалското/ мигрантското прашање е од национално значењ,е, а владата со план, одлучност и сериозност ќе се справи со проблемот, со солидарност во внатрешноста и одлучност во чувањето на границите, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас за време на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој истакна дека актуелната влада со доаѓањето на власт презела “хаотична ситуација”, со 68 илјади неразгледани барања за азил и само 1806 враќања во Турција за четири месеци. Објасни дека од јули до октомври 6.500 лица од островите биле пренесени во други делови на Грција, а целта е до крајот на месецов да бидат пренесени уште 4000 бегалци, во рамките на владината политика за праведно распределување и во таа насока тие следат два принципи.