(Видео)Шипковачка река по 5 години доби мост

0
81

По 5 години од катастрофалните поплави во тетовско патот Шипковица –  Бродец на местото каде поминува ова планинска река си доби мост, објави Телма.

Делницата по невремето целосно беше уништена, во неколку наврати се реконструираше, но залудна. При секој пороен дожд, нивото на реката се зголемуваше, коловозот се ронеше и завршуваше во долот. Со мостот оваа сообраќајница сега е стабилна и безбедна, вели градоначалничката на Тетово Теута Арифи

Мештаните велат дека се уште  не се реализирани превентивните решенија во случај на поплави. Како приемер ја посочија реката која поминува низ селото, чие корито не е соодветно регулирано.

Првиот човек на општината вели дека на седница на влада е разговарано за овој проблем.

Како главен проблем кој им виси на глава на жителите од Шипковица е дивата сеча на дрвата над нивнот село, кои се прва заштитна одбрана од поплави.

Во 2015 година во поплавите кои го зафатија тетовскиот регион имаше и 5 човечки жртви, а беа уништени стотици објекти.