Викендов во Скопје во сообраќајки полесно повредени 14 лица, 28 возачи возеле во алкохолизирана состојба

0
94

Четиринаесет лица биле полесно повредени во 10 од вкупно 15 сообраќајни незгоди што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 62 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 28 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и девет почетници, како и 49 нерегистрирани возила, едно технички неисправно возило и две возила за претовар.