Вработен во Комунална хигиена си го прегазил колегата со возилото додека чистеле отпад – маж починал на лице место

0
78

Дваесет и осумгодишен маж со иницијали И.М. загина во Батинци додека извршувал работни задачи.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера кога негов колега управувајќи возило на Комунална хигиена Студеничани, додека собирале смет, удрил со возилото на И.М.од Батинци кој починал на лице место.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.