Вучиќ изненаден од пријателското шпионирање

0
110

Србија не сака во НАТО и таа останува воено неутрална. Затоа ги прашувам руските пријатели: Зошто? Не гледам никаква логика во сето ова“. Ова е изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ, по одржувањето на завчерашната итна седница на националниот совет за безбедност, по обелоденување на шпионската афера во која е вклучен руски разузнавач, кој наводно му предава пари на непознато лице од српска страна. Во обраќањето пред домашната јавност Вучиќ, со препознатлив речник за загрозените српски интереси, го искажа разочарувањето од дејствувањето на руските служби во Белград. Притоа, потсети дека „Србија е единствена земја што не вовела санкции кон Руската Федерација“ и единствена земја што одржува воени вежби со руската војска и со ништо не го загрозила пријателството со Русија