Грешка на кичевчанец остави жители без телефон и интернет

0
156

Кичевчанец заработи кривична пријава бидејќи скинал оптички кабел при работа.

МВР информира дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 39-годишниот М.Т. од Кичево кој во близина на наплатна рампа Гостивар -Тетово, по претходно ангажирање од страна на Јавното претпријатие „Државни патишта“, додека управувал багер скинал оптички кабел, при што дошло до прекин на телекомуникацискиот и информатичкиот сообраќај.