Еврокомесарите Јоурова и Аврамопулос во Скопје

0
77

Еврокомесарите за правда и за миграција Вера Јоурова и Димитрис Аврамопулос ќе учествуваат на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан, посветен на правдата и внатрешните работи, што се одржува денеска и утре во Скопје, соопшти Европската комисија. Комесарката за правда Јоурова денеска ќе одржи и дебата со студентите од Правниот факултет, а утре еврокомесарот за миграција Аврамопулос ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот. На дневен ред ќе се најде и борбата против тероризмот, борбата против организираниот криминал и спречувањето на насилниот екстремизам. На маргините на министерскиот состанок Аврамопулос ќе потпише два аранжмани кои ќе овозможат спроведување на заедничкиот план за борба против тероризмот помеѓу ЕУ и Западен Балкан.