Заврши јавниот повик за субвенции за чистење оџаци

0
78

Денеска се затвора јавниот повик за субвенционирање на граѓаните и други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година. До вчера, до 15 часот, се поднесени 395 барања за субвенции за чистење оџаци.

„Целта на овој проект на Град Скопје е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне позитивни ефекти – подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците“, велат од Град Скопје.