Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната сезона како една од најдобрите

0
77

Како ретко досега тие се согласуваат дека оваа сезона, која полека завршува, треба да биде пример како земјоделецот, но и другите учесници во производствениот процес, треба достојно да зароботат за вложениот труд.

Според оценката на Сојуз на синдикати на земјоделци од Струмица во споредба со повеќе години назад годинашната била една од подобрите.

-Имаше одредени мали осцилации во откупот на доматите, но вкупно земено е добро. Треба уште да се работи за да се подобрат вкупните состојби, но во секој случај сметам дека земјоделците треба да се задоволни, смета Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на змјоделци.

Земјоделецот Коце Божиков од селото Дабиле е со став дека годинава е една од најдобрите досега. Според него, уште на почетокот имало најави дека ќе биде успешна, бидејќи тогаш кромидот се откупуваше од 25 до 30 денари за килограм, младиот компир 40 денари, доматите за 50 денари, цвеклото 25 денари за килограм, благиот компир се откупуваше за рекордни 100 денари, а парче лута пиперка се плаќаше пет-шест денари.