Кривичниот суд отфрла одговорност за одолговлекувањето на случаи на СЈО

0
84

Претседателот на Кривичен, Иван Џолев, не смета дека судот има вина за одлагањето рочишта и стартот на неколку случаи од почеток. Според него, главен застој се предизвикал откако специјалните обвинители се вратија во редовното обвинителство од СЈО. Првиот човек на скопска единица реагира откако во јавноста критика за ажурноста на судот пристигнаа од невладини, но и од политичари, вклучително и премиерот Заев. Во судот имало 24 високопрофилни случаи од кои 10 веќе биле завршени, тврди Џолев.

„Сакам да кажам дека судиите имаа закажани рочишта и тоа повеќе, но истите не се одржаа, но не по вина на судот. Судот беше присутен, а беа присутни и обвинителите и обвинетите и нивните бранители. Предметите се одложија зошто обвинителите, во тоа време специјални обвинители, бараа лично да се одложат предметите бидејќи не знаеја дали имаат овластување да го застапуваат предметот“; рече Иван Џолев, Претседател на Кривичен суд.