Обвинителството отвори предмет за бегалецот Игор Спасов

0
95

По допрен глас отворен е предмет за бегството на екс специјалецот Игор Спасов, потврдуваат за Телма од штипското јавно обвинителство. Обвинителот ќе има задача да ја истражи целокупната медицинска документација, која му е издавана од страна на лекарите уролози во болницата. Токму со оваа документација тој една година слободно се шеташе низ Штип, а издржувањето на казната затвор од 14 години му беше во прекин. Обвинителите  кои се први соседи на тројцата судии кривичари и се на погорниот кат во зградата  ќе имаат за задачада да ја проверува и целата нивна постапка и по која се донесени решенијата.

Портпаролот и судија во штипскиот Основен суд, Јулијана Неткова вели дека од новинарите дознала дека е отворен предмет од страна на обвинителите. Потврдува дека Судскиот совет го побарал целокупниот предмет за Спасов.