Пендаровски- Сасоли: Европската интеграција на Северна Македонија останува долгорочна определба

0
147

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент

На средбата, претседателот Пендаровски изрази задоволство за постојаната и отворена поддршка за европската интеграција на Македонија од страна на Европскиот парламент. Истовремено претседателот Пендаровски го поздрави усвојувањето на резолуцијата по исходот од октомврискиот Европски совет. Усвојувањето на резолуцијата со којашто се бара отпочнување на претпристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија, како што истакна претседателот Пендаровски, би помогнало да се одржи мотивацијата кај нашите граѓани. Во оваа насока тој изрази и задоволство што Европскиот парламент останува посветен на проширувањето, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

„На средбата со Сасоли, претседателот Пендаровски подвлече дека одлуката на последниот самит на лидерите во Брисел беше неповолна со оглед на тоа што земјата презеде крупни чекори во внатрешните реформи и добрососедските односи, со цел да напредува во европските интеграции. Тој додаде дека одлуката на Европскиот совет да се наврати на прашањето на проширувањето идната пролет може да биде демотивирачка за Македонија и за целиот регион на Западен Балкан. 

Претседателот нагласи дека европската интеграција на Северна Македонија останува долгорочна определба, мотивација за трансформација на општеството и имплементирањето на европските стандарди. Иднината на земјава е во рамките на Европската унија, насока што беше потврдена и на неодамнешната средба на политичките лидери на која беше домаќин Претседателот“ велат од Кабинетот на претседателот.