Рамчиловиќ обвинет од ВМРО ДПМНЕ за политичка калкулација за новата функција

0
87

Политичка трговија и математичка калкулација . Со вакви квалифакции пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ го оцени изборот на Зекир Рамчиловиќ за нов потпретседател на Собранието. Од поранешен член на ИК на ВМРО ДПМНЕ , Рамчиловиќ  новата функција ја доби благодарение  на СДСМ и ДУИ. Ја напушти и независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и од 1 ноември дејствуваше како независен пратеник.

Рамчиловиќ не чувствува вина за напуштањето на коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, ниту пак за гласањето за уставните измени затоа што тоа од него го барала бошњачката заедница.

Ниту еден од предлагачите не даде образложение зошто токму Рамчиловиќ треба да биде новиот потпретседател. Реплицираа само на пратениците од опозицијата.

Рамчиловиќ доаѓа на местото на Весел Мемеди кој си поднесе оставка од функцијата. За неговиот избор  гласаа 62 пратеници а 16 беа против.