Ердоган : Изјава на Макрон за НАТО е неприфатлива

0
102

Ердоган бил „многу разочаран“ од изјавите на Макрон за НАТО, вели Доналд Трамп за средбата со Ердоган во Овалната соба во Белата куќа.

„Мислам дека на (турскиот) претседателот навистина не му се допаднаа … и мислам дека многу луѓе исто реагираа“, додаде тој.

„Неприфатливо“, кратко рече турскиот претседател.

„Немате никаква координација на стратешката одлука на САд со партнерите во НАТО и ние сме сведоци на агресија на друг партнер на НАТО, Турција, во област во која имаме интереси“, рече францускиот претседател минатата недела за „Економист“, мислејќи на турската воена интервенција во Сирија.